понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија автомобил и автобус кај Брњарци, едно лице тешко повредено

Се судрија автомобил и автобус кај Брњарци, едно лице тешко повредено

Возач се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера утринава на локалниот пат Скопје-с.Арачиново, во близина на влез за с.Брњарци.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.С.(55) од с.Грушино и автобус „јутонг“, управуван од И.В.(42) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата З.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.