среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ЛЕГЕНДАРЕН ДЕСЕРТ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ Совршена плазма торта, задоволство од соништата

ЛЕГЕНДАРЕН ДЕСЕРТ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ Совршена плазма торта, задоволство од соништата

Нема подобар избор за родендени, сите ќе го обожаваат

СОСТОЈКИ:

Кора:

5 белки
5 лажички шеќер
5 лажици мелени плазма бисквити

Фил:

15 жолчки
250 гр + 4 лажици шеќер
1/2 литар млеко
2 ќесички пудинг со вкус на слатка павлака
375 гр путер / маргарин
преостанатите 300 гр плазма бисквити
100 гр бело чоколадо

И уште:

4 ќесички шлаг од ванила

ПОДГОТОВКА:

Од пакувањето од 300 гр мелени плазма бисквити одделете 15 рамни лажици за 3 кори, останатото зачувајте го за филот. Изматете ги белките, додадете ги шеќерот и мелената плазма и печете ги корите на 200 степени околу 20 минути.

За филот, на пареа варете ги жолчките со 250 гр шеќер, посебно пудинзите сварете ги во млеко со 4 лажици шеќер.

Кога ќе се изладат филовите, изматете ги со маргарин или путер, додајте ги остатокот од плазма бисквитите и ренданото бело чоколадо.