четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три возила се судрија на автопатот Неготино –Кавадарци, едно лице тешко повредено, три други полесно повредени – ова се деталите

Три возила се судрија на автопатот Неготино –Кавадарци, едно лице тешко повредено, три други полесно повредени – ова се деталите

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20.30 часот, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, едно лице се здобило со потешки телесни повреди, додека три други лица се полесно повредени.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д.П.(28), патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.П.(32) и патничко возило „ауди“, управувано од М.Р.(22), сите со неготински регистарски ознаки.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П., а нејзиниот сопатник С.П.(30), возачот М.Р. и сопатничката Т.М.(25), се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото на незгодата, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.