недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец со мотор излетал од пат, се здобил со тешки повреди

Скопјанец со мотор излетал од пат, се здобил со тешки повреди
илустрација

На 13.11.2021 во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Драчево, Ј.Т.(36) од Скопје, управувајќи мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Т., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.