четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Бегал од полиција, па направил страшна сообраќајка – Две лица заг*наа, 20 се повредени

ФОТО: Бегал од полиција, па направил страшна сообраќајка – Две лица заг*наа, 20 се повредени

Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 23 часот во Пирот загинаа две лица, а 20 се повредени откако се преврте комбе.

Полицијата го уапсила Д.М. (1982) од Белград, поради постоење на основано сомнение дека извршил кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај и криумчарење луѓе.

Во полицискоот соопштение се наведува дека комбето со цел да избегне полициска контрола, со неприлагодена брзина удрило во столб и се превртело.

Во комбето се наоѓале 22 лица за кои било утврдено дека биле мигранти. Почина две лица, а четири се тешко повредени. Меѓу вкупниот број 20 повредени, најголем дел се малолетни лица.