Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина ја оправда фаворитската улога и запиша убедлива победа против Македонија 64-80 во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2023 година.
Хероина во победата на БиХ беше феноменалната Џонквел Џонс. Девојката која е позната по прекарот „женскиот Кевин Дурант“ поради нејзините феноменални способности и во скок-играта и во шутот заврши со 30 поени и беше пред Џебо со 17 поени. Кај Македонија најмногу се истакна капитенката Анџелика Митрашиновиќ со 24 поени.
БиХ, пак, е лидер на табелата со две победи на две средби. Квалификациите за ЕП 2023 продолжуваат во месец ноември кога Македонија гостува кај Белгија.