среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија трактор и автомобил, повредени три лица

Се судрија трактор и автомобил, повредени три лица

На 17.11.2021 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Пирок, во близина на бензинска пумпа кај с.Калник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(42) од с.Долно Седларце, општина Брвеница и трактор „имт 539“, со приколка без регистарски ознаки, управуван од М.М.(39) од с.Горно Палчиште.

-Во несреќата возачот на патничкото возило А.И. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на тракторот и неговиот сопатник Н.Б.(57) од Тетово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.