вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Ѓорче

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Ѓорче
илустрација

На 23.11.2021 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“, на спојување со ул.„Крсто Раковски“, товарно моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(47) од Берово, удрило во велосипед управуван од Г.М.(77) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.