петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мечот Барнли-Тотенхем одложен поради проблеми со снегот

Мечот Барнли-Тотенхем одложен поради проблеми со снегот

Натпреварот од 13. коло во Премиер лигата помеѓу Барнли и Тотенхем кој требаше да се одигра денеска е одложен поради снегот кој паѓаше утринава во Англија.

Натпреварот требаше да започне во 15 часот, но и покрај напорите,  луѓето во Барнли не успеаја да го исчистат теренот и да го подготват натпреварот.

Причина за тоа е снегот кој паѓа без престан од утринава.