Божиќните пости се почнати, па за тие кои постат овие денови еве еден предлог за ручек, посна мусака.
Потребно:
600-700 гр. компир
200 гр. ориз
300 гр печурка буковка
неколку млади лукчиња
2-3 чешниња лук
50 гр. сушен домат
ситно сецкан магдонос
сол. бибер и суви зачини по вкус, масло за пржење
1 лажица црвен пипер
Подготовка:
Младиот лук ситно исецкајте го и ставете го да се пржи. Буковката исецкана на ситни коцки ставете ја и таа да се пропржи. Додадете ситно исечкан домат и лук и промешајте. На крај додадете го оризот и добро измешајте се’ и зачинете по ваш вкус. Откако ќе се упржи тргнете од оган.
Излупениот компир исечете го на тенки кругови. Во садот во кој стојат додадете малку зејтин и лажица црвен пипер, па промешајте со раце за црвениот пипер да се залепи за компирот. Зачинете по вкус.
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее и почнете да ја редите мусаката. Во сад на дното наредете компир. Потоа ставете од филот со ориз. Потоа повторно компир, па фил и на крај компир. Додадете топла вода колку да се покрие компирот и ставете да се пече додека течноста не испари.
Пријатен ручек