понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Комбе излета од пат, возачот тешко повреден

Комбе излета од пат, возачот тешко повреден

На 30.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола-Ресен, пред место викано „Ротинска крстосница“, товарно возило „мерцедес спринтер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(58) од с.Загорчани, струшко, удрило во метална заштитна ограда, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.