Кошаркарската федерација на македонија ги објави номинациите за најдобрите во изминатата календарска година и можете да гласате за Вашиот избор во анкетата, пред конечното прогласување на лауреатите.
Има повеќе категории. Во категоријата најдобар кошаркар за 2021 година се најдоа Андреј Магдевски (МЗТ), Бојан Крстевски (МЗТ) и Бојан Трајковски (Пелистер ), додека кај дамите номинирани се Анџелика Митрашиновиќ (Тарб, Франција), Александра Стојановска (Бадел) и Нена Трајчевска (Бадел).
Во категоријата најдобри млади кошаркари се најдоа Теодор Симиќ (Барселона ), Амар Хот (Феникс) и Андреј Шошкиќ (Работнички ), а кај кошаркарките се Марија Николов (Бадел), Михаела Алексовска (Крива Паланка) и Ања Начевска (Вардар)
За најдобар играч „3х3“ се борат Марко Дујковиќ, Христијан Ристов и Ервин Цого.