среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Најчесто го ставате во супа, а не знаете колку навистина е лековит магдоносот

Најчесто го ставате во супа, а не знаете колку навистина е лековит магдоносот

Магдоносот не е само омилениот зачин за супите и јадењата туку и многу благотворна билка која многу одамна се користи во народната медицина за ублажување на бројни тешкотии.

Лековити се коренот, листот и семето.

Плакнење на очите

Во 300 мл зовриена вода сварете 2 лажици ситно сецкан лист од магдонос, 2 до 3 минути и оставете го да се олади. Потоа процедете ја течноста преку стерилна газа, па со чајот повеќе пати во текот на денот плакнете ги своите очи. На овој начин ќе ги намалите инфекциите во окото.

Облози за капаците

Земете 6 гранчиња добро измиен магдонос, избришете го со хартиена салфета, листовите магдонос ставете ги на капаците, преврзете ги со газа и држете ги што подолго, по можност до будењето. Наутро отстранете ги во темна просторија. На овој начин ќе ги намалите отоците.