Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа забележа втора победа на турнирот во Обидош, Португалија.
Ѓорческа ја совлада Германката Ана Класен по пресврт, со 5:7, 6:0, 6:4 на ИТФ-фјучрс турнирот, кој е со награден фонд од 25 илјади долари.
Во третото коло, нашата најдобра тенисерка ќе игра со уште една Германка – Лена Рефер.