вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Задолжителен негативен ПЦР тест за патување во Грција

Задолжителен негативен ПЦР тест за патување во Грција

Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за патниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека одлуката е „во рамките на напорите за контрола на пандемијата на Ковид-19″, ќе стапи во сила во недела наутро, а исклучок има за патниците кои во земјите престојувале помалку од 48 часа.

Соопштението првично се однесуваше на патниците од Велика Британија и Данска кои пристигнуваат во Грција, а кусо подоцна беше променето со вклучени сите земји.

Мерката важи за сите патници од сите земји, без разлика дали се вакцинирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.