четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка во Бутел, маж со повреди пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“

Сообраќајка во Бутел, маж со повреди пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“

На 22.12.2021 вo 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било донесено повредено лице од сообраќајна несреќа.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден на крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Натанаил Кучевишки“ А.Н.(84) од Скопје бил удрен од возило и откако возачот на самото место му укажал помош го напуштил местото, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.