сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Велес

Мотоциклист тешко повреден во Велес
илустрација

На 24.12.2021 околу 11.30 часот во Велес на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Андон Шурков“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(65) од Велес, и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.С.(45) од Велес, информира МВР.

Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и укажана му е лекарска помош во Општа болница Велес.

Увид на лице место извршила екипа на СВР Велес.