Фудбалерот на Лидс, Рафиња е човекот кој ќе го засили тимот на Баерн Минхен. 25-годишникот играч ќе ја испразни баварската каса за 50 милиони евра.
Бразилскиот фудбалер игра на позицијата десно крило и постигна осум гола и асистира за еден гол на 16 натпревари во Премиер лигата. Добрата форма му овозможи во октомври да дебитира во репрезентативниот дрес на Бразил.
Договорот со Лидс му истекува во 2024 година.