Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ е во стабилна врска со избраникот Ѓорѓе Куљиќ, па многумина не би биле изненадени доколку пејачката стапне на „лудиот камен“.
Кога ќе дојде тој ден, нема дилема дека младата пејачка ќе избере убава венчаница, дека списокот на гости ќе биде впечатлив, како и дека за радоста ќе се зборува месеци пред и потоа.
View this post on Instagram
Иако се уште нема полемики за тој ден, Анастасија веќе одлучила едно, а тоа е која ќе и биде кума.
– Таа ми е најдобра пријателка. Утре на свадба ќе ми биде кума. За неа не ми е ништо тешко да направам. Се знаеме и се дружиме од моите 12-та година – изјави Ражнатовиќ во емисијата „Неделно попладне“ откако нејзината пријателка Тара откри дека младата пејачка целиот свој живот го ставила на двонеделна пауза за да и го посвети исклучиво на неа откако дознала дека се заразила со коронавирусот.