недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил удрил во животно на патот Гостивар-Кичево, едно лице тешко повредено

Со автомобил удрил во животно на патот Гостивар-Кичево, едно лице тешко повредено

Ноќеска (29 декември), половина час по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот гостиварец З.Н., удрило во животно, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М.(48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.