недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпанија: Намалена посетеноста на спортски настани поради зголемената инциденца на коронавирус

Шпанија: Намалена посетеноста на спортски настани поради зголемената инциденца на коронавирус

Шпанскиот здравствен совет одлучи да го намали бројот на гледачи на спортските настани поради зголемената инциденца на коронавирус, пренесува „АС“.

Според шпанскиот весник, максималната посетеност на фудбалски натпревари и други натпревари на отворено е намалена од 100 % на 75 %, додека на кошаркарски дуели, како и на други натпревари во сала, од 80 % на 50 %.

Од гледачите ќе се бара да носат маски при присуство на настани. Ќе им биде забрането и пушење и јадење.

Да потсетиме, шпанското фудбалско првенство ќе продолжи на 31 декември со натпреварот од 19. коло Валенсија – Еспањол. Останатите средби ќе се одржат на 2 и 3 јануари.