Неколку италијански фудбалски екипи, меѓу кои и шампионот Интер, како и Јувентус, прекинаа со продажба на влезници за своите следни домашни натпревари, бидејќи поради растот на новозаразени со коронавирус, максималниот број гледачи е редуциран од 75 на 50 отсто од капацитетот на стадионите.
Италија деновиве бележи зголемен број новозаразени со коронавирус, а денеска е регистриран рекорден број од 98.030 нови случаи.
Италијанското фудбалско првенство во моментов е на божиќно – новогодишна пауза, а ќе продолжи на 6 јануари.