Состојки:
1 пакување кори
1 голем кромид
400 гр мелено месо
1 голем морков
1 праз
1 голема пиперка
1 жолчка од јајце
масло
Подготовка:
Најпрво е неопходно да се подготви полнењето. Тоа ќе го направите така што ситно ќе ги исечете кромидот, пиперката, а морковот треба да се изренда малку поголем.
После тоа, потребно е сето тоа да се пржи. Така, прво пропржете го кромидот, а потоа додадете ги пиперката и морковот. Потоа се додава меленото месо и се пропржува понатаму и се додава ситно сечканиот праз.
Корите исечкајте ги за да можете да ги завиткате во кифлички, па пред да ги завиткате многу малку премачкајте ги со масло и жолчка, ставете од филот и виткајте во ролат.
Пржете ги на врело масло додека не поруменат.