среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден 30-годишник откако со своето возило излетало од автопатот Неготино-Демир Капија

Тешко повреден 30-годишник откако со своето возило излетало од автопатот Неготино-Демир Капија

Едно лице било тешко повредено во сообраќајна несреќа синоќа на автопатот Неготино-Демир Капија, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Додевски појасни дека несреќата се случила околу 22:30 часот. Тогаш, патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т.(30) од Неготино, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на несреќата.