Осумнаесет годишната скопјанка А.В. вчера пријавила дека во дискотека во Градски Парк била физички нападната од непознато машко лице.
-Кога влегла во дискотеката и додека се качувала по скалите да оди на горниот дел, физички била нападната од непознато лице, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.