петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Излетале од пат со автомобил, повредени две момчиња од Арачиново

Излетале од пат со автомобил, повредени две момчиња од Арачиново

На 26.01.2022 во 07.50 часот било пријавено дека на скопската обиколница, во близина на клучка „Стајковци“, патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(22) од с.Арачиново, скопско, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот и сопатникот С.И.(20) од с.Арачиново се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.