На 01.02.2022 во 15.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на с.Смијмирово, патничко моторно возило „ауди“, со беровски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од с.Смојмирово, изгубило контрола и излетало од коловозот, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.С., констатирани во Здравствен дом Берово.
Увид извршила екипа од Полициската станица Берово.