среда, 10. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката во Битола во која повредени беа 22 лица

Детали за сообраќајката во Битола во која повредени беа 22 лица

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 14.39 часот на ул.„Воден“, во близина на бензинска пумпа кај
„Краварски пат“ во Битола, учествувале патничко возило „ауди А7“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(20) од битолското село Жабени и автобус „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(52) од село Јанковец, ресенско, при што удриле во паркирано влечно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.

Како што информираа денеска од СВР Битола, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од
с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од село Избишта ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, информираа претпладнево од секторот за односи со јавност.

Како што извести МИА, доцна синоќа, по сообраќајната несреќа на сите уесници им беше укажана лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болницаБитола, а по завршените лекарски прегледи ниту едно лице не беше задржано на болничко лекување.