Жена се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера во 17.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија.
-Патничко возило „санг јонг корандо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(70), удрило во пешакот С.К.(53), двајцата од Гевгелија. Во несреќата С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица, велат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.