недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс без поголеми проблеми во полуфиналето на кошарарскиот Куп

Феникс без поголеми проблеми во полуфиналето на кошарарскиот Куп

Феникс 2010 закажа полуфинален натпревар против МЗТ Скопје во Купот на Македонија откако славеше во четвртфиналето против Работнички со 49-74.

Феникс во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на ‘црвено-белите’ со добра игра во одбраната и контрола на скокот до што сосема заслужено дебитираше со триумф во престижното натпреварување.

Горјан Марковски беше прво име во Работнички со 13 поени, додека него го следеа Данаиловски со 11 поени и 4 асистенции и Какруки со 10 поени и 4 скока.

Андреј Митревски беше лидер на Феникс 2010 со 18 поени и 5 асистенции, 14 поени додаде Морган, додека како двоцифрен мечот го заврши и Трајковски кој на десетте поени додаде и 4 скока.