вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мајката знаела, но молчела: Девојче злоставувано повеќе пати од маж и малолетник во Смедерево

Мајката знаела, но молчела: Девојче злоставувано повеќе пати од маж и малолетник во Смедерево

Маж Н.М.(61), како и малолетник (17) се осомничени дека извршиле обљуба на малолетничка (13) во село кај Смедерево.

Уапсена е и мајката на девојчето (38), која знаела за малтретирањето на нејзината ќерка, но не го пријавила, а осомничена е и дека го “нудела“ детето.

Како што објавија српските медиуми, Н.М., инаку семеен пријател на детето, добил притвор до 30 дена по рочиштето во Вишото јавно обвинителство Смедерево.

Мајката на девојчето била сослушана во Основното обвинителство во овој град, таа се товари за запуштање и малтретирање на детето, како и за поткуп и овозможување проституција, па затоа и е одредена мерка притвор. Малолетникот во текот на минатата година имал сексуални односи со ова девојче, па против него во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава.

Наводно, во текот на 2021 година, пријавените имале сексуални односи со девојка. Засега има индиции дека тоа се случувало неколку пати, но истрагата ќе ги утврди сите детали,

-Мајката на девојчето знаела за сето тоа, но не направила ништо за да ги спречи мажите да имаат секс со нејзината ќерка, а таа наводно ја принудувала. Таа не сакала да одговара на прашањата на обвинителот, туку се бранела со молчење, објаснува извор за српските медиуми.