понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак усмртен од товарно возило во Нов Дојран

Пешак усмртен од товарно возило во Нов Дојран

На 28.02.2022 во 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Нов Дојран, товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(60) од Нов Дојран, движејќи се наназад, удрило во П.П.(88) од Гевгелија, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во ЈЗУ Гевгелија каде починал. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.