понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Грег Попович влегува во историјата

Грег Попович влегува во историјата

Тренерот на Сан Антонио спарс, Грег Попович, засекогаш ќе остане впишан со златни букви во историските кошаркарски книги. Сан Антонио спарс го совлада Лос Анџелес лејкерс со 117:110 на последниот меч, а Попович долго ќе ја памети таа победа.

Со овој триумф, се израмни на вечната листа на НБА- лигата со Дон Нелсон и сега тие се тренери што запишале најмногу победи во историјата на НБА-лигата!

Ова е негова 1.335. победа во кариерата, па му треба само уште една за и официјално да биде тренер со најмногу победи во историјата на Лигата, се разбира во регуларниот дел од сезоната.