Пејачката Јелена Карлеуша во јавноста често говори за својата покојна мајка Дивна, за тоа колку и значела нејзината поддршка во животот, но ретко го споменува својот татко, Драган Карлеуша.
Дивна, мајката на Јелена Карлеуша важеше за една од најубавите жени во Белград, а на 19 години таа зе омажила за Драган Карлеуша кој во тоа време работел сосема друга работа.
Дивна и Драган се разведоа додека Јелена била уште мала, но заедно живееа уште неколку години.
Откако се разделија Драган во својот втор брак доби два сина. Дивна за својот поранешен сопруг секогаш говорела убаво, бидејќи како што изјавувала, никогаш не ја заборавила љубовта на почетокот од нивната врска.
Полубраќата на Јелена, Иван и Никола прв пат во јавноста се појавиле кога таа славеше 10 години брак со Душко.
Меѓутоа, пејачката и поранешната членка на жирито на „Ѕвездите на гранд“ ги изненади сите и во една емисија откри еден помалку познат детаљ од биографијата на својот татко.
Имено, еден од учесниците во шоуто ја пееше песната „Лола“ која ја изведува Чоби, а пејачката ја подсети на свјот татко Драган.
-Не знам дали знаете, но мојот татко свиреше на тапани „Pro arte, баш на песната Лола“, а тоа беше многу пред неговата полициска кариера, коментираше Јелена, која по се изгледа својата дарба за музика ја добила од својот татко.