Феникс е првата екипа која сезонава обезбеди место во плејофот во НБА лигата со триумфот синоќа над Мајами од 111-90.
Дејвин Букер се врати во редовите на Феникс по пауза од четири натпревари поради болест и беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, а додаде и девет асистенции и осум скокови.
Феникс е најуспешна екипа во лигата со ефект од 53 победи и 13 порази и е прв учесник во овогодишниот плејоф. „Санси“ ги победија сите 29 противнички екипи оваа сезона, за прв пат од сезоната 2006/2007
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу средата и четврток:
Јута – Портланд 123-85
ЛА Клиперс – Вашингтон 115-109
Далас – Њујорк 77-107
Сан Антонио – Торонто 104-119
Мајами – Феникс 90-111
Сакраменто – Денвер 100-106
Милвоки – Атланта 124-115
Хјустон – ЛА Лејкерс 139-130 (продолжение)
Минесота – Оклахома 132-102
Њу Орлеанс – Орландо 102-108
Шарлот – Бостон 101-115
Детроит – Чикаго 108-114