вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Битола

Пешак тешко повреден во Битола

На 13.03.2022 во 13.19 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Добривое Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“ во Битола патничко возило „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(48) од Битола удрило во М.К.(78) од Битола, информира МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.