Кристијано Роналдо трета година по ред испаѓа во осминафиналето на Лигата на шампионите. Неговиот Манчестер јунајтед синоќа загуби од Атлетико Мадрид со вкупен резултат 1:2 (1:1, 0:1).
Во изминатите две сезони, Роналдо беше елиминиран двата пати во оваа фаза со Јувентус. Торинскиот клуб загуби од Лион, односно Порто.
Откако го напушти Реал Мадрид во 2018 година, напаѓачот само еднаш успеа да го помине првото коло од плеј-офот. Во сезоната 2018/19, Јувентус го победи Атлетико Мадрид, но загуби од Ајакс во четвртфиналето.
Португалецот е петкратен освојувач на Лигата на шампионите. Во 2008 година, тој успеа да го освои турнирот со Манчестер јунајтед, додека во 2014, 2016, 2017 и 2018 година стигна до трофејот со Реал Мадрид. (МИА)