четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн неколку недели без повредениот Шуле

Баерн неколку недели без повредениот Шуле

Германскиот прволигаш Баерн Минхен остана без еден од клучните играчи во одбраната Никлас Шуле, кој на тренинг го повреди мускулот и ќе отсуствува од теренот неколку недели, соопшти денеска бундеслигашот.

Шуле (26) се повреди на вчерашниот тренинг и нема да биде на располагање за саботниот прволигашки дуел против Унион Берлин, а, исто така, ќе ги пропушти и следните два меѓународни натпревари со германската репрезентација против Израел, на 26 март, и против Холандија на 29 март.

Неизвесен ќе биде настапот на Шуле во дресот на Баерн и за четвртфиналните натпревари во Лигата на шампиони, за кои жрепката е закажана за утре.