недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн Џејмс стана втор најдобар стрелец во историјата на НБА

Леброн Џејмс стана втор најдобар стрелец во историјата на НБА

Леброн Џејмс се искачи на второто место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата, тоа не им вредеше не неговите ЛА Лејкерс кои загубија со 127:119 од Вашингтон визардс.

Џејмс натпреварот го заврши со 38 постигнати поени и сега има 36.965 постигнати поени во регуларниот дел од сезоните во НБА лигата поминувајќи го Карл Мелоун кој остана на 36.947 поени, додека на првото место е Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени чиј рекорд ќе го нападне следната сезона.

Кај Вашингтон најдобар беше Кристапс Порзингис со 27 поени, додека поранешниот „езерџија“ Колдвел-Поуп постигна 18 поени.

Шарлот хорнетс со 129:108 го совлада Далас маверикс благодарениер на одличната игра во третата четвртина која ја доби со 41:28.

Бриџис со 23 поени беше најпрецизен кај Шарлот, додека на Далас не му помогнаа ниту 37 поени на Лука Дончиќ.

Кливленд со 113:109 го совлада Детроит благодарение на 24 поени и 12 асистенции на Гарланд.

Шампионот немаше сили за успешен поход низ Минеаполис без првата ѕвезда Јанис Антетокумбо. Така, Минесота го победи Милвоки со 138-119. Младиот Ентони Едвардс и одличниот центар Карл Ентони Таунс го предводеа тимот до победата со по 25 поени, а центарот надоврза и 11 скока.