вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден во кривопаланечко

Возач тешко повреден во кривопаланечко

На 20.03.2022 во 17.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат населба Домачки Дол – Осичка Maала, кривопаланечко, на место викано „Радева воденица“, патничко возило „цитроен саксо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(49) од Скопје, излетало од коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза’ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.