вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вршел превоз на патници без лиценца: Кичевчанец заработи кривична пријава

Вршел превоз на патници без лиценца: Кичевчанец заработи кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Б.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 17.02.2022 и 08.03.2022 на локални патишта во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило – комбе „фолксваген транспортер“, управувано од пријавениот, со кое вршел превоз на патници, при што било констатирано дека не поседува лиценца за вршење превоз на патници.