вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак прегазен во Скопје, возачот избегал со автомобилот

Пешак прегазен во Скопје, возачот избегал со автомобилот

На 28.03.2022 во 12.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Александар Урдаревски“ со сервисна улица што ја поврзува со ул.„Петар Манџуков“, патничко возило удрило во С.С.(67) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

-С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.