среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 01.04.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(40) од Скопје, удрило во велосипедист Т.К.(51) од Скопје, информира МВР.

Т.К. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.