Италијанскиот прволигаш Рома е заинтересирана за трансфер на фудбалерот на Манчестер Јунјатед, Џеси Лингард, јавија денеска англиските медиуми.
Клубот од Рим, според медиумите, ја предводи трката за ангажман на 29-гоишниот игра за врска, а за услугите на англискиот репрезентативец се заинтересирани уште две италијански екипи, Јувентус и Милан.
Интерес за Лингард изразија и премиерлигашите Вест Хем и Њукасл.
Лингард го носи дресот на Јунјатед од 2011 година, но неколку пати досега беше позајмуван, во Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби Каунти и Вест Хем.