среда, 20. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

По ударот, детето со аутизам ја одби поканата на Роналдо: „Никогаш повеќе не сакам да го видам“

По ударот, детето со аутизам ја одби поканата на Роналдо: „Никогаш повеќе не сакам да го видам“

Кристијано Роналдо направи голем скандал по мечот против Евертон. По поразот, Португалецот се изнервира и удри еден навивач.

Роналдо на детето со аутизам му го скрши телефонот и му ја повреди раката, по што мајката го обвини Португалецот и го нападна преку социјалните мрежи.

Фудбалерот јавно се извини, но јавноста беше бесна по овој негов потег. Освен извинување, тој прати и покана до момчето да му биде специјален гостин на следниот меч на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Сепак, момчето ја одби поканата.

Мајката Сара Кели раскажа:

„Го прашав: Дали сакаш да одиш? Роналдо рече дека можеме да дојдеме на Олд Трафорд? Тој одговори: Не, мамо, никогаш повеќе не сакам да го видам“, откри Кели.

„Вознемирувачко е, бидејќи Роналдо беше една од причините поради кои сакаше да оди на фудбалските натпревари“, додаде мајката на несреќното момче.