четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Косовските приватници бараат минималната плата да биде 400 евра

Косовските приватници бараат минималната плата да биде 400 евра

Независниот синдикат на приватниот сектор на Косово (СПСПК) изрази незадоволство од нацрт-законот што денеска го усвои владата на Албин Курти, со кој се предвидува месечната минимална плата во државата да биде 250 евра, и останува на барањето таа да биде 400 евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателот на синдикатот на приватниците, Јусуф Аземи изјави дека една од главните причини за таквото барање е недостигот на работна сила во државата.

– СПСПК останува на ставот дека минимална плата под 400 евра не може да се прифати. За оваа плата ние како пример зедовме едно четтиричлено семејство и видовме дека за неговите минимални потреби не се доволни ниту 460 евра. Дополнителна причина зошто го бараме тој минимум е недостигот на работна сила. За нашите улуги кои им ги даваме на сопствениците на компаниите сега ние ја одредуваме цената, изјави Аземи на прес-конференција.

Според СПСПК, и начинот на кој се нашол предлог-законот во владата е незаконски.

– Минималната плата се предлага од Економско-социјалниот совет на Владата, а Владата го праќа во Собрание. Советот не е прашан воопшто и во Владата е испратен на незаконски начин. Ние можеме да го гледаме како позитивно зголемувањето, но тоа не ги исполнува ниту елементарните потреби, изјави Аземи. (МИА)