Двајца мажи и две деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на ул.„Христо Батанџиев“ во Скопје.
Како што информира МВР, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Д.Т.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.Б.(37) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „фолксваген голф“, Г.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“. Две малолетни лица, сопатници на И.Б., се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.