четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак прегазен во Кавадарци, со тешки повреди пренесен во болница

Пешак прегазен во Кавадарци, со тешки повреди пренесен во болница

Пешак е тешко повреден откако вчера бил удрен од автомобил на ул.„Мито Хаџи Василев Јасмин“ во Кавадарци.

Како што информира МВР, патничко возило „киа“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(74) од Кавадарци, удрило во Н.Н.(79) од Кавадарци.

-Во несреќата Н.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, посочуваат од МВР.

Увид на местото извршла екипа од ОВР Кавадарци.