СВР СКОПЈЕ – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Б.И.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” по чл.247 ст.1 и „фалсификување пари” по чл.268 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил 17 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и во периодот од 31.03.2021 до 07.09.2021, во четири наврати, кај четири различни физички лица, лажните банкноти ги пуштил во оптек.
Тој стапувал во контакт со оштетените лица, кои на електронските портали за купопродажба ги објавиле за продажба своите телефони, договарајќи средба за купопродажба на огласените телефони, при што им плаќал во готово со фалсификуваните банкноти. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 104.880 денари.