четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца донесе конечна одлука – оди во Катар да го бодри зетот на мундијалот, Анастасија веќе бара сместување

Цеца донесе конечна одлука – оди во Катар да го бодри зетот на мундијалот, Анастасија веќе бара сместување

Цеца Ражнатовиќ во ноември оди во Катар за да му даде поддршка на момчето на Анастасија, Немања Гудељ на Мундијалот!

Фолк дивата често во живо ги следи значајните натпревари на српската репрезентација, а овојпат тоа ќе го направат со поголемо задоволство. Сега има повеќе причина, бидејќи во Катар ќе игра и фудбалерот на Севиља со кој нејзината наследничка е во емотивна врска.

Анастасија и Цеца планираат патување на Мундијалот. До натпреварот остануваат уште седум месеци, а Анастасија веќе бараат авионски билети и хотел, бидејќи во Катар се очекува гужва туристи за време на Мундијалот.

Извор близок до парот за српските медиуми открива и дека сестрата на Немања одлично се сложува со Анастасија и Цеца и дека тие трите биле заедно на југот од Шпанија додека фудбалерот бил во карантин.

Таму посетиле луксузни продавници, а Анастасија се облекла од глава до петти во вредност од 10 илјади евра за да му изгледа убаво на Немања.

Најнови вести